Многумина се согласни дека еден од најслатките ликови во серијата „Пријатели“ беше Бен, синот на Рос Гелер и Керол кој што го глумеше Кол Спрауз.
Кол во текот на снимањата на серијата многу созреал, па иако многумина го паметат како малиот Бен, сепак тој денес е големо момче.
Улогата на Бен, воедно била и првата каде што Кол глумел без својот брат близнак Дилан Спрауз.
Инаку, Кол и Дилан станале популарни во 2005 година благодарение на улогите во серијата на каналот „Дизни“ - „The Suite Life of Zack & Cody“.
Првата поголема улога која што ја добиле била во филмот „Big Daddy“ во кој што глумат заедно со Адам Сендлер.
По неколкуте остварувања во детските филмови, Кол и Дилан во 2009 година добиле малку посериозни улоги. И двајцата глумеле во независниот филм „The Kings od Appletown“.
Колку се успешни говори и тоа што покренале сопствена линија на облека и модни додатоци.
Во текот на 2007 година биле први на листата на најбогати деца на светот, а во 2010 година биле на врвот на листата за најплатени „Дизни“ актери.