Една од најпознатите нутриционистки тврди: За добар имунитет се важни цревата, а ова овошје е одлично за нив

Точка

30/03/2021

10:23

3.521

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите нутриционистки на светот, творецот на познатата „Сас вода за слабеење“, Синтија Сас, открила дека еден вид овошје е многу важен за оптимално функционирање на цревата.

Станува збор за урмите, кои го подобруваат варењето, помагаат кај тегоби во кардиоваскуларниот систем и ги зајакнуваат функциите на мозокот.

Урмите содржат голем број витамини, минерали (калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган) и природни антиоксиданти кои имаат антивоспалителни својства и содржат антимикробни соединенија, многу важни за борбата против заразните болести.


„Три урми содржат околу 18 отсто од дневната потреба од влакна, што е важно за нормално функционирање на гастроинтестиналниот тракт“, рекла д-р Сас, специјалистка за здрава исхрана.

Докажано е и дека урмите го намалуваат ризикот од срцеви болести, ги регулираат холестеролот и шеќерот во крвта и можат да им помогнат на заболените од Алцхајмерова болест, првенствено благодарение на полифенолите кои се борат против воспаленијата и оксидативниот стрес во мозокот.