Honda во февруари ги објави првите фотографии од новата генерација на SUV моделот HR-V кој има целосно поинаков дизајн од својот претходник.
Освен целосно новиот дизајн со кој јапонскиот производител направи голем пресврт во однос на се уште активниот модел, новина е и хибридниот погон.
HR-V во европските продажни салони ќе пристигне пред крајот на 2021-ва година, а во понудата ќе има хибридна, e:HEV верзија чие срце е бензинец кој добива помош од електромотор.
Спецификациите засега не се познати, а се верува дека станува збор за 1,5-литарски бензински агрегат кој се користи во хибридната верзија на Honda Jazz, или пак 2,0-литарски бензинец кој е сместен во хибридната варијанта на моделот CR-V.