Објавена листата на промените: Град Скопје ги враќа старите имиња на Ленинова, Железничка, Мексичка, 4ти Јули...

Точка

25/03/2021

20:09

2.627

Големина на фонт

а а а

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за имињата на 485 улици во градот.

„Најголем дел од овие улици досега биле именувани со број или биле именувани како краци на други поголеми улици. По усвојувањето на оваа одлука од Советот, овие улици ќе добијат нови имиња“, се наведува во соопштението.

Новите имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно со Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти предвидено е да се црпат од Регистарот на имиња кој неодамна беше дополнет од Советот со листа од нови 570 имиња, по претходно добиената согласност од Владата на РСМ.

Со оваа одлука ќе бидат вратени и дел од старите имиња на улиците кои беа променити во текот на 2012 година. Со тоа се враќаат имињата на улиците Ленинова, Железничка, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Драчевска, Ратко Митровиќ и други.

„Мостот ‘Тодор Александров’ (популарно наречен ‘Близнак’) ќе биде преименуван во мост ‘Накие Бајрам’ и ‘Роса Плавева’, мостот ‘Слобода’ (кај ‘Холидеј ин’) ќе се вика мост ‘Вера Ацева’, а новиот мост на булеварот АСНОМ, ќе се вика ‘Генерал Михајло Апостолски’.

„Во согласност со ваквите заложби, новиот булевар, кој е предвидено да биде изграден од скопската обиколница до булеварот Словенија, а поминува низ Визбегово, ќе се вика ‘Хасан Приштина’. Во таа насока во редот на новите имиња на улици ќе се најдат и ‘Беким Фехмиу’, ‘Ибрахим Ругова’, ‘Адем Демачи’ и ‘Мајка Тереза’“, стои во соопштението во кое е наведена и целосната листа за промена на улиците во Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг