Заев за изборите во СДСМ: Заедно испишуваме историја со највисоко ниво на внатрепартиска демократија

Макфакс

21/03/2021

16:30

1.699

Големина на фонт

а а а

Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија, вели првиот човек на СДСМ, Зоран Заев за чијшто реизбор денеска гласаат членовите на владејачката партија.

„Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, вели Заев кој сподели фотографии од гласањето.

Заев е единствениот кандидат за партиски лидер. Од СДСМ претходно истакнаа на јавниот повик за поднесување кандидатури за претседател, немало други пријавени освен актуелниот партиски претседател и премиер, Зоран Заев.

Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат...

Posted by Zoran Zaev on Sunday, March 21, 2021

За гласање на овие избори се пријавиле 68.999 членови. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија во 80 општински ораганизации. Има 80 Општински изборни комиси и 237 Избирачки одбори, а ќе се спроведат на исто толку избирачки места.

Од активно регистрираните членови во избирачкиот список до 12 часот, своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста до 12 часот е 46 отсто, информираа на прес-конференција од Централната изборна комисија на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг