Финска ја суспендира употребата на вакцината на „Астразенека“

Макфакс

19/03/2021

21:28

1.764

Големина на фонт

а а а

Финска ја суспендира употребата на вакцината на „Астразенека“ и покрај тоа што голем број европски земји ќе продолжат со нејзината употреба, по препорака на Светската здравстена организација(СЗО).

Институтот соопштил дека проценува дека истрагата ќе трае најмалку една недела, објави „Ројтерс“. На почетокот на оваа недела, тие објавија дека добиле извештаи за случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со оваа вакцина во Финска.

Данска, Норвешка и Шведска денеска објавија дека им треба повеќе време за да одлучат за повторна употреба на вакцината, иако европскиот регулатор вчера процени дека придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг