Хрватска ги испитува причините за смртта кај маж, 12 дена по примена вакцина од „АстраЗенека“

Макфакс

17/03/2021

18:32

1.133

Големина на фонт

а а а

Хрватската агенција за лекови побара документација за започнување истрага по извештајот дека еден човек починал 12 дена откако примил вакцина од „АстраЗенека“.

Се наведува дека агенцијата е во контакт со здравствената установа каде е регистриран случајот, со цел да се достави целата медицинска документација што е можно поскоро, врз основа на која може да се изврши проценка за причините за смртта.

„Во извештајот се наведени тромбоцитопенија и крварење, пренесуваат хрватските медиуми.


Сепак, од таму е наведено дека извештајот е многу оскуден, бидејќи не содржи документација за причините за смртта, како и за текот и развојот на настаните што довеле до смрт кај починатото лице, велат од хрватската агенција за лекови.

Тие наведоа дека овој материјал ќе биде испратен и до Европската агенција за лекови.

„Хрватската агенција за лекови досега нема добиено ниту еден извештај во кој се посочува на сомневање за несакани ефекти со фатален исход за кој е утврдена причинско-последична врска со вакцината од „АстраЗенека“, се вели во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг