Тип објаснил зошто смета дека не треба да се слават плус сајз телата: „Дебелото не е убаво“

Точка

17/03/2021

17:52

4.190

Големина на фонт

а а а

„Движењето „Body Positivity“ настана поради работите на кои не можете да влијаете, не поради вашите стрии“, вели ТикТокерот Тејлор во видеото кое досега е прегледано повеќе од 3,7 милиони пати.

„Ова е поентата на движењето“, вели Тејлор на почетокот на видеото со снимка од една девојка која има флеки на телото.

„А, не ова“, вели тој, покажувајќи го своето тело.

„Она што го гледам кога ќе напишам „body positivity“ во пребарувачот на ТикТок е всушност само жени со вишок килограми. Никогаш не треба да го гледате ова и да помислите: ‘Ох Боже, колку прекрасно!’“, додал ТикТокерот, зумирајќи го своето тело.

„Бидејќи нема ништо позитивно во врска со ова. Всушност, негативно е. Штетно е за моето тело што е вакво, затоа вежбам 4-5 пати неделно и се обидувам здраво да се хранам. Бидејќи се обидувам да не умрам од срцев удар. И сега некои девојки ќе го гледаат ова и ќе кажат дека сум вообразен само затоа што реков дека дебелото не е убаво. Не постои ниту една болест на светот која ве спречува да ги загубите килограмите или да јадете здрава храна“, заклучил тој.