Рашковски за ТВ24 од Мексико: Цените за престој во хотел никогаш не биле пониски

Точка

17/03/2021

17:22

3.535

Големина на фонт

а а а

Владиниот секретар Драги Рашковски за ТВ24 изјави дека цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски.

Рашковски рекол дека е во Мексико со своето семејство бидејќи е многу евтино, и дека одморот му бил планиран неколку месеци претходно.

"Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра", изјавил Рашковски за "ТВ24".

Додека Рашковски одмара во Мексико, се бара некој што ќе почне да постапува за аферата за софтверот.

Сепак, правосудните институции си ја префрлаат топката. Во обвинителството нема предмет за софтверот за сообраќајни прекршоци кој 8 месеци откако е набавен нема каде да се користи. Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска ги чека полициите први да го направат првиот чекор.

Единствена институција која го разгледува случајот со Рашковски е Антикорупциска. Се анализираат зошто е купен софтвер кој не е во функција. Во висина од 81 илјада евра, Рашковски набавил софтвер кој треба да лови сообраќајни прекршоци. Но, тоа не го побарала ниту МВР ниту било која друга институција и по осум месеци, пишува "ТВ24".




Спонзорирани линкови

Маркетинг