7-годишното дете кое утрово загина во пожар во Гостивар било врзано со синџири

Точка

16/03/2021

15:06

4.524

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство – Гостивар врши увид на местото каде утрово избувна пожар во станбена зграда во Гостивар во која загина едно 7-годишно дете.

Според првичните сознанија на лекарскиот тим, детето за време на пожарот било врзано со синџири на нозете, а причина за истото е затоа што тоа било агресивно.

„Првичните сознанија на лекарскиот тим на самото место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со синџир на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било затоа што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, велат од ОЈО Гостивар, пренесува „360 степени“.


Увидот е сè уште во тек, а се очекува и пристигнување на специјална екипа од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР со цел да се испитаат причините за пожарот.

За потсетување, во пожарот кој што се случи утрово во 8 часот во станбена зграда во Гостивар, почина 7-годишно дете, а една жена која е во животна опасност била пренесена во гостиварската болница.

Според неофицијални информации, огнот прво се појавил во една од собите на станот во кој што престојувало повеќечлено семејство, а според станарите за спречување на ширењето на огнот и поголема штета, голема улога имала брзата интервенција на пожарникарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг