Што ѝ кажал принцот Хари на Опра зад камерите за расизмот во британскиот двор?

Точка

09/03/2021

11:29

3.923

Големина на фонт

а а а

Американската водителка Опра Винфри изјавила денеска дека принцот Хари и нагласил дека ни кралицата Елизабета ни војводата од Единбург не биле тие кои поставувале прашања за бојата на кожата на неговиот син.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл гостувале во емисијата кај Опра Винфри, каде откриле детали од животот во Бакингемската палата, пренеле светските медиуми.

Меган, чија мајка е Афроамериканка, а татко белец, изјавила дека во времето додека била бремена и го чекала раѓањето на својот син Арчи, во палатата била изразена загриженост околу тоа колку ќе биде темна неговата кожа кога ќе се роди.

Опра Винфри по ова интервју за "CBS" рекла дека принцот не и открил кој зборувал на таа тема, пренесува "Tanjug".


"Тој не ми го откри идентитетот на таа личност, но сакаше да биде сигурен дека знам дека тоа не биле неговите баба или дедо", рекла водителката.

Додала дека се обидела да дојде до одговор и кога камерите биле исклучени и кога интервјуто завршило, но дека принцот не и кажал ништо повеќе.

Таткото на Меган Маркл: Прашањето за бојата на кожата не е расизам, туку глупост

Томас Маркл, татко на британската војвотка од Сасекс, Меган, изјавил денеска дека не мисли дека британското кралско семејство е расистичко и се надева дека забелешката на членот на семејството за темната кожа на неговиот внук е само една глупаво прашање, пренесува "Reuters".


"Многу го почитувам кралското семејство и воопшто не мислам дека се расисти. Не мислам ни дека Британците се расисти, попрво мислам дека Калифорнија е расистичка, Лос Анџелес е расистички, но не мислам дека се тоа и Британците", рекол Маркл.

"Reuters" наведува дека тој изразил надеж дека проблемот кој наводно се создал околу тоа која боја на кожа ќе биде детето на неговата ќерка и принцот Хари и колку тоа ќе биде темно, е само глупаво прашање кое некој го поставил, а не дека станува збор за расистичка изјава.

Меган претходно рекла дека на нејзиниот син Арчи, кој сега има една година, му е ускратена титулата принц пред раѓањето, бидејќи во кралското семејство постоела загриженост околу тоа колку неговата кожа би можела да биде темна кога ќе се роди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг