Бессона ноќ во палатата, кралицата свикала итни состаноци

Точка

09/03/2021

22:24

16.866

Големина на фонт

а а а

По интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари го дале за Опра Винфри, во Бакингемската палата бил свикан итен состанок. Британските медиуми пренесуваат дека кралското семејство е шокирано и ужаснато од интервјуто и дека Хари на овој начин фрлил "атомска бомба на своето семејство".

Кралицата Елизабета Втора ги повикала принцот Чарлс и принцот Вилијам на итен состанок зад затворени врати за да се утврди како кралското семејство ќе реагира на низата обвиненија кои Хари и Меган ги изнеле во разговорот.

Извори на "Daily Mail" упатени во случувањата во палатата наведуваат дека расположението е микс од "интензивен шок и тага" бидејќи принцот Хари фрлил нуклеарна бомба на своето семејство, како и дека кралското семејство минало бессона ноќ во палатата.

Војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто го обвиниле кралското семејство за расизам - наводно неименуван член на семејството кој не е ни кралицата ни војводата од Единбург Филип, стравувал која боја на кожа ќе ја има нивниот син Арчи, а Меган се пожалила дека не добила поддршка од палатата кога барала помош поради суицидните мисли кои ги имала во тоа време.


Новинарката на "BBC", која го следи кралското семејство, Даниела Релф, оценила дека Бакингемската палата нема да брза со реакција за да не ја влоши веќе катастрофалната ситуација.