„АТП“ со скандалозен потег: Новак и Јелена разголени во кревет...

Точка

08/03/2021

18:56

4.349

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ овој понеделник го сруши рекордот на Роџер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП-листата, а Здружението на тениски професионалци избрало малку шокантна сцена како дел од честитките за овој подвиг.

Имено, после објавувањето на најновата ранг листа со која и официјално Ѓоковиќ го собори светскиот рекорд на Федерер, организацита на тенисери најпрво нè потсети на големината на успехот на Ноле со убав вовед на официјалната веб страница:

„Овој 33-годишник падна на 22-то место на 21-ви мај во 2018-та година и се врати на челната позиција на 5-ти ноември истата година - оттогаш помина 88 недели на врвот, во два наврати, а притоа минатата сезона заврши на прво место по рекорден 6-ти пат“.

Меѓутоа, овие зборови сами по себе не би биле чудни ако АТП не одлучиле потполно неочекувана сцена да биде дел придружното видео 'во чест на рекордот на Новак'.


Кога требало да се најави краткото обраќање на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер, АТП одлучиле тоа да го направат со сцена од кревет, во која своевремено Ноле и неговата животна сопатничка снимиле реклама како потсетник за тоа како се запознале.

Од илјадници достапни фотографии на познатиот брачен пар, избрана е токму оваа сцена, што досега не е забележано во историјата на познатиот сајт на една голема спортска организација.

Остатокот од видео-прилогот бил повеќе од коректно изработен, а кога веќе ја споменавме сопругата на Новак Ѓоковиќ, во оваа снимка е прикажана следната изјава:

„Навистина сум горда! Тоа отсекогаш беше неговиот сон, да биде толку успешен и многу ми е драго поради него, што успеа да си го исполни својот сон“, истакнала Јелена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг