Меган изнела шокантни тврдења во новото интервју: „Размислував за самоубиство во бременоста, не сакав повеќе да бидам жива“

Точка

08/03/2021

09:04

2.667

Големина на фонт

а а а

Во долгоочекуваното интервју на војводата и војвотката од Сасекс, кое се емитуваше на „CBS“, Меган Маркл изнела шокантно тврдење - имала суицидни мисли додека била бремена, во периодот кога медиумите постојано ја напаѓаа.

„Не сакав повеќе да бидам жива“, рекла Маркл во разговор со Опра Винфри и додала:

„Тоа беше многу јасна, реална и застрашувачка постојана мисла. Мислев дека тоа би решило се“.


Работите биле толку лоши за Меган што, и покрај она низ кое проаѓала, дури истиот ден кога му раскажала на Хари што се случува, го придружувала својот сопруг на настан бидејќи се плашела што би можела да си направи себеси ако остане сама.

Она што е уште пошокантно бил одговорот што го добила кога побарала помош. Според нејзините зборови, му се обратила на член на кралското семејство и ги изразила своите чувства и желба да добие стручна помош, но ѝ било кажано дека не може бидејќи „тоа не би било добро за семејството“.


Како што рекла Маркл, се среќавала и со расистички изјави во кругот на семејството, а се однесувале на малиот Арчи кој требало да дојде на свет.

Имено, според нејзините изјави, кога била бремена, постар член на кралското семејство неколку пати изразил загриженост дека кожата на Арчи ќе биде темна поради Меган, и поради тоа нема да може да добие ни титула, а ни сигурност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг