Бакингемската палата покренува истрага против Меган Маркл - еве зошто!

Точка

04/03/2021

19:10

5.731

Големина на фонт

а а а

После објавата во британските медиуми дека Меган била сурова кон вработените, реагирала Бакингемската палата.

Бакингемската палата вчера соопштила дека ќе ги истражи наводите на британскиот „Тајмс“ дека Меган Маркл (39) малтретирала неколку членови од персоналот пред да ги напушти кралските должности и да започне самостоен живот во Америка.

Од палатата рекле дека се многу загрижени поради изнесените наводи и дека тимот за човечки ресурси ќе ги истражи сите околности.

„Членовите на персоналот кои тогаш беа вработени, вклучувајќи ги оние кои го напуштија работното место, ќе бидат повикани за да се види за што се работи“, се наведува во изјавата.


Тие порачале и дека не дозволуваат ниту ќе дозволат злоставување или вознемирување на работното место.

Спорната статија „Тајмс“ ја објавиле во вторникот, повикувајќи се на извори кои тврдат дека војвотката од Сасекс избркала двајца лични асистенти од домаќинството и ја потценила довербата на трето лице.

Порпаролот на Меган Маркл ги отфрлил тие наводи, велејќи дека тоа е напад на нејзината личност.

Сето ова се случува непосредно пред големото интервју на војводата и војвотката од Сасекс, со Опра Винфри, чие емитување се очекува на 7-ми март, на „CBS“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг