„Here I Stand“: Слушнете дел од македонската евровизиска песна

Точка

02/03/2021

17:14

2.612

Големина на фонт

а а а

Македонскиот претставник на овогодишното издание на „Евровизија“, Васил Гарванлиев, објави исечок од песната со која што ќе настапи во Ротердам, Холандија.

Минатата година, организаторите на „Евровизија“ потврдија дека земјите повторно можат да испратат ист изведувач, но со нова песна, па така наместо „You“, Васил ќе се претстави со целосно нова композиција.

Песната со наслов „Here I Stand“ е негово авторско дело, а зад продукцијата и аранжманот стојат Борче Кузмановски и Давор Јордановски. „Here I Stand“ е снимена во студиото „Frames“ во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали се снимени во Чикаго.

Официјалната промоција на песната е закажана за 11 март.