59.000 евра за стан во јавна гаража: Дали е ова најчудното место за живеење кое некогаш сте го виделе?

Точка

27/02/2021

15:46

6.754

Големина на фонт

а а а

Продажбата на стан кој се наоѓа во гаража во Хрватска зачуди многумина. Неговиот сопственик прима само готовина, а можна е и замена за друг недвижен имот на Брач.

Станува збор за трособен стан со површина од околу 50 квадратни метри кој се наоѓа во Долна Дубрава.

Станот се продава наместен, нов и уреден и чини 446.845 куни односно околу 59.000 евра. Кога ќе ги видите фотографиите, на прв поглед изгледа како и секој друг стан, но она што е „специфично“ за него е тоа што се наоѓа во јавна гаража.


Како што се наведува во огласот, станот е 100% сигурен, граден е од бетон и армирано железо, а при потресот не бил оштетен. Во документите е наведен како деловен простор, но е преименет во стан за живеење со 3 помали соби, дневна соба со кујна, купатило и ВЦ.

Овој необичен стан е многу интересен бидејќи е кружен, а ако ви затреба паркинг, можете да пронајдете место веднаш пред него. Влезната врата и прозорците гледаат кон гаражата низ која поминуваат автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг