Вучиќ за ковид пасошите: "Шокиран сум од оваа идеја на европските лидери, оваа одлука ја сметам за антиевропска"

Точка

27/02/2021

14:10

3.374

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија смета дека одлуката за ковид пасоши го повредува правото за слобода на движење.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во текот на гостувањето на утринската програма "ТВ Прва" рекол дека е шокиран од одлуката на европските лидери за ковид пасоши.

"Јас сум шокиран од идејата на европките лидери, тие ја погазуваат најголемата вредност, слободата на движење и слободата на избор. Имам најлошо мислење за одговорноста на оние кои се антиваксери. Учествував во обезбедување на вакцини, но кои сте вие да го ограничите движењето на луѓето бидејќи не се вакцинирани", рекол Вучиќ.


Претседателот смета дека поради новите правила многу млади луѓе ќе сакаат побрзо да се вакцинираат, а тоа може да го наруши приоритетниот систем на вакцинирање според кој прво треба да се заштитат постарите луѓе.

"Сите млади луѓе слушнаа дека не можат да патуваат без потврда за вакцинација, и сега ќе се најдеме во проблем прво да ги вакцинираме децата од 20 години наместо постарите од 60. Па потоа и за нив ќе воведеме ковид пасоши за побрзо да го вакцинираме населението", додал тој.


Претседателот на Србија оваа одлука ја окарактеризирал како длабоко антиевропска.

"Знам дека против тоа беа Макрон и Меркел, но очигледно притисокот бил голем", истакнал тој.

Сепак Вучиќ додал дека Србија добро напредува со вакцинацијата, иако не добила вакцини од ЕУ.

"Воведуваат ковид пасоши, а не добивме вакцини од нив, нула", рекол Вучиќ, но објаснил дека знаел дека ќе биде така.

"Три пати ќе вакцинираат кучиња, мачиња и папагали, само сиромашните земји да не добијат вакцина", изјавил претседателот на Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг