Спектакуларни глетки: Етна продолжува да исфрла лава, а неверојатните кадри ги воодушевија луѓето

Точка

26/02/2021

12:03

1.549

Големина на фонт

а а а

Лавата од Етна - најактивниот вулкан во Европа, а воедно и најголемиот на континентот, почна да се излева.

Огнената претстава која што ја изведува со денови и месеци, па дури и години наназад, отсекогаш била спектакуларна.

За среќа, последната ерупција на Етна која што го привлече светското внимание не предизвика материјална штета, а исто така нема ниту повредени.

Секојпат кога вулканот ќе еруптира, набљудувачите се воодушевени.


Што се случува сега?

Етна еруптираше на 16 февруари, создавајќи висока фонтана од лава која што се излеа низ источните падини на планината кон ненаселената долина Бове која што е широка пет километри и долга осум километри. Вулканот исфрлаше камења, пепел и магма на својата јужна страна.

Активноста оттогаш продолжува, во поголеми или пак помали интензитети. Пламенот од лавата го осветлува ноќното небо во нијанси на портокаловата боја.

Не се знае уште колку време ќе трае оваа возбудлива активност, велат вулканолозите кои што работат во опсерваторијата Етна која што ја води Националниот институт за геофизика и вулканологија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг