Принцот Хари во „Late Late Show“: Зборувал за напуштањето на кралското семејство, но и открил како знаел дека Меган е „вистинската“

Точка

26/02/2021

11:10

2.622

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари вели дека отстапил од кралските должности бидејќи британскиот печат бил „токсичен“ и го „уништувал“ неговото ментално здравје.

Хари му се отворил на Џејмс Корден во неговата емисија „The Late Late Show“. Двајцата се возеле во двокатен туристички автобус низ Лос Анџелес, а принцот помеѓу останатото му објаснил на популарниот водител зошто го напуштил кралското семејство.

„Не си заминав, се повлеков“, рекол Хари, објаснувајќи дека морал да го заштити своето семејство.

„Го направив она што секој сопруг и татко би го направил - морав да го одведам семејството оттаму“, му признал на Корден.

„Но, никогаш не се оддалечивме, а што се однесува до мене, никогаш и нема да си заминам“.

Принцот ги „боцнал“ и таблоидите, наведувајќи дека му е подраго прикажувањето на историјата на неговото семејство во серијата „The Crown“ бидејќи тие „не се преправаат дека се вести“ и додал дека би сакал во серијата да го глуми Дамиен Луис.

Во текот на возењето во кое пиеле и традиционален британски чај, Хари му признал на Корден дека знаел дека Меган е онаа „вистинската“ веќе на нивниот втор состанок, а открил дека кралицата на нивниот син Арчи му купила апарат за вафли за Божиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг