Во БиХ голем скок на бројот на заразени од коронавирус

Макфакс

25/02/2021

17:47

801

Големина на фонт

а а а

Во Босна и Херцеговина има голем скок на новоинфицирани од коронавирус, соопштуваат официјалните власти.

Според податоците на Заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата БиХ, и тоа: 202 од Република Српска и 18 од областа Брчко.

Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и, според нив, тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.

Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.

Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да има до 25 лица.

На инспекциските служби и на полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.

Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини против коронавирусот, пишуваат медиумите. Додаваат дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот „Ковакс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг