Голема промена: Европското првенство ќе се игра само во Англија?

Точка

25/02/2021

15:56

1.652

Големина на фонт

а а а

Дури 12 земји и градови би требало да бидат домаќини.

Европската фудбалска федерација (UEFA) сериозно ја разгледува можноста Европското првенство ова лето да се одржи во Англија.

Дури 12 градови и земји требало да го организираат турнирот на најдобрите европски селекции, но со оглед на ситуацијата со коронавирусот, тешко е да се верува дека тоа ќе се случи.

УЕФА има огромни проблеми со организацијата. Се поблиску е одлуката организацијата на ЕУРО 2020 да и се додели на Англија, односно таму да се организира комплетниот турнир.

Конечната одлука за ова ќе биде донесена кон средината на април, а засега истата е многу неизвесна.

Европското првенство поради пандемијата минатата година беше одложено, а оваа година би требало да се игра од 11-ти јуни до 11-ти јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг