Од јаворов сируп до бабушки: Еве кои се најпродаваните сувенири во разни светски земји

Точка

23/02/2021

17:02

2.627

Големина на фонт

а а а

Ретко кој може да одолее на купувањето сувенири во текот на своето патување. Тие се траен потсетник на убавите спомени од други земји, а за таа цел ви претставуваме најпродавани и најпопуларни сувенири од разни делови на светот.

Порталот „Euronews“ се „фрлил“ на истражување, а резултатите се следни...

Северна Америка

На овој континент се наоѓаат многу различни култури, но помеѓу сите сувенири купени во САД се истакнуваат американските слатки додека луѓето кои ја посетуваат Канада воглавно купуваат јаворов сируп.


Во Средна Америка како сувенир се истакнува кафето, а на Јамајка се одгледува посебен вид наречен „Blue Mountain“ кој се смета за еден од најпрефинетите на светот. Јасно, на Куба и понатаму се најпопуларните пурите, а во Мексико - маските.

Европа

Велика Британија е позната по непредвидливото време, а еден од најпродаваните сувенири е токму чадорот!

Белгија, Франција и Ирска се најпознати по чоколадото, додека Латвија, Литванија и Полска се познати по јантарниот накит.

Најпознатиот германски сувенир е пивото додека на Кипар најпродавано е виното. Но, во некои земји се популарни и обувките, па во Холандија прилично често се купуваат кломпи, а во Шпанија - еспадрили.


Азија

Сувенирите од азиските земји се разновидни како и самите култури на овој континент. Во Јапонија се најпродавани хартиените оригами, во Кина калиграфијата, а во Јужна Кореја - чајот.

Шри Ланка и Бутан се познати по изрезбраните маски. Во Јемен е најпознат сувенирот - бодеж, но истиот не можете да го пренесете во рачниот багаж. Килимите најмногу се купуваат во Ерменија и Иран додека финиот кашмир се наоѓа во Катар.

Во Русија еден сувенир е веројатно најпопуларен, а станува збор за бабушката.


Јужна Америка

Бразилците на туристите најдобро им продаваат висечки лежалки (оние кои се врзуваат помеѓу две дрва), додека во Аргентина се купуваат кожни производи.

Еквадорците ќе ве развеселат со одлично кафе, а подеднакво одличен рум ќе пронајдете во Венецуела. Од друга страна, Боливијците се држат до стилот, па слободно и вие можете да вложите во едно пончо.

Африка

Од Мароко туристите најчесто се враќаат со арганово масло, а ритуалните маски се на цена и во Бенин, Габон, Либерија и Мозамбик. Со одлично кафе, секако, ќе се вратите и од Етиопија.


Кожни производи ќе ве дочекаат и во Мавританија, Мали или Нигер, а во Тунис ќе пронајдете керамички садови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг