„Одвратно, непристојно и дрско“: Интервјуто со Џенифер Анистон ги разбесни Американците

Точка

23/02/2021

10:43

11.026

Големина на фонт

а а а

Откако неодамна случајот на Бритни Спирс го привлече вниманието, по годините малтретирање од страна на медиумите како и непријатностите кои им ги приредувала водителката Елен Деџенерис на своите гости, „испливуваат“ сè повеќе непријатни ситуации во кои новинарите ги довеле познатите личности во САД.

Документарниот филм „Framing Britney Spears“ кој беше објавен кон почетокот на февруари, не престанува да ја интригира американската јавност, пред сè поради начинот на кој тамошните медиуми негативно ја прикажувале пејачката без никаква причини и ја доведувале во непријатни ситуации со прашања и потези кои не биле примерни.

Но, Бритни не е единствената - луѓето на социјалните мрежи се присетуваат на сè повеќе интервјуа во кои жените од светот на славните биле изложени на нешто што очигледно им сметало, сè поради рејтинг. Едно од последните интервјуа на кое фановите се присетиле е интервјуто на актерката Џенифер Анистон која во 1998 година гостувала во емисијата на Дејвид Летерман и доживеала нешто на кое секако не се надевала.


Ѕвездата на серијата „Friends“ дошла за да го промовира својот нов филм „The Object of My Affection“, а само неколку минути подоцна Летерман седнал зад неа и ѝ кажал: „Извини ако ова е непристојно, сакам нешто да пробам“, по што ѝ ги ставил рацете на вратот, ставил прамен од нејзината коса во уста и го излижал, иако актерката се спротивставувала.

Џенифер ја избришала плунката од својата коса со марамче и изгледала шокирано поради ваквиот бизарен потег.

На социјалните мрежи можат да се прочитаат бројни негативни коментари на сметка на Дејвид Летерман, а неговото однесување го оценуваат како „одвратно, непристојно и дрско“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг