Обвинителството за гонење криминал се сомнева дека некој му кажал на Мијалков за притворот

Точка

22/02/2021

15:03

1.927

Големина на фонт

а а а

Првите знаци дека можеби се подготвува бегство на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Министерството за внатрешни работи ги споделило со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во саботата на 20 февруари, во 23 часот.

По направените проверки, вчера бил изготвен предлог за определување притвор.

Од Обвинителството наведуваат дека вчера во 12 часот, со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, Обвинителството го известило Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и МВР.


По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15 часот предлогот за определување на притвор бил примен од судот и со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24-часовен видео и аудионадзор. Решението од страна на Обвинителството било примено во 18:45 часот.

Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители биле известувани од надлежни лица во МВР дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган. Околу 21:20 часот обвинителството било известено дека има проблем со врачување на решението за притвор по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, Обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг