Необичен потег на Маск: Вклучил 4000 вработени од „SpaceX“ во истражување за ковид-19 – ова се сознанијата

Точка

22/02/2021

14:15

1.375

Големина на фонт

а а а

Истражувачите продолжуваат со следење на работниците на „SpaceX“, а посебно внимание посветуваат на повторната инфекција, во контекст на ширењето на мутираните соеви на коронавирусот.

Во текот на пандемијата на коронавирусот во САД, Илон Маск се најде во центарот на вниманието поради своите противења на одлуките на локалните власти дека мора да ја затвори својата фабрика за автомобили. Иако „Tesla“ на крајот продолжи со својата работа, голем дел од тамошните вработени се на боледување поради ковид-19.

Маск е директор на повеќе компании, а сега повлекол неочекуван и необичен потег.

Во март 2020 година Маск вклучил над 4000 вработени од „SpaceX“ во истражувањето кое што го проучува ширењето на вирусот и создавањето антитела кај вработените. Сите вработени кои биле вклучени во истражувањето се обврзале на давање крв еднаш месечно.


Минатиот месец, екипата доктори и вработени кои што ја спроведувале студијата објавиле свои откритија кои што сугерираат дека постои одреден дел од антителата кои што можат да дадат долготрајна заштита од вирусот. Интересно, истражувањето било објавено и во списанието „Nature Communications“, а Маск се наведува како еден од коавторите.

Според истражувањето, тестирани биле околу 4000 вработени во компанијата, а од нив 300 биле заразени со новиот сој на коронавирусот. Истражувачите дополнително истражувале 120 луѓе за да ја утврдат сериозноста на болеста и количината антитела.

Тие напоменуваат дека средната доба на тестираните е 31 година и дека 92 отсто од примероците кои што биле земени биле од мажи.

„Луѓето кои што имаат антитела не мора нужно да бидат имуни на ковид-19“, предупредува Галит Алтер коавтор на истражувањето. Тој објаснил дека луѓето кои што имаат послаби симптоми на болеста развиваат помалку антитела, а веројатно имаат и пократок имунитет.


Тој исто така додал дека добра вест е тоа што поголемиот дел од вакцините создаваат антитела во поголема количина за разлика од создавањето антитела во текот на самата болест.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека нивните заклучоци би биле од голема корист во планирањето на вакцинацијата.

На пример, би можело да се утврди кои од категориите луѓе (или поединци) се најзагрозени затоа што се наоѓаат во подрачја со висока стапка на зараза, па нив би можело да им се даде предност при вакцинацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг