Заев: Народот очекува правда, ако не се пронајде Мијалков, ќе има одговорност

Точка

22/02/2021

11:52

2.388

Големина на фонт

а а а

На прашањето каде ја гледа одговорноста, Заев им порача на новинарите да не бараат од него да прави јавна истрага пред микрофоните.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, по денешното сведочење за предметот "Титаник", за новинарите пред судот изјави дека очекува Сашо Мијалков да биде пронајден во најбрз можен рок.

"Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе", рече Зоран Заев за новинарите.

Премиерот додаде дека народот очекува понесување на одговорност доколку не се спроведе судското решение во еден од најважните случаи во историјата на Македонија.

На прашањето каде ја гледа одговорноста, Заев им порача на новинарите да не бараат од него да прави јавна истрага пред микрофоните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг