Одморете ги очите: Место на кое многумина доаѓаат само за да ја видат токму оваа нереална глетка

Точка

19/02/2021

19:20

4.622

Големина на фонт

а а а

Контрастот на розовите црешови цветови и зелените листови чај претставува главна атракција на градината Таипин Сакура на североистокот од најбројната земја на светот.

Среде раскошните полиња чај во кинеското место Јонгфу во провинцијата Фуџијан, посадени се стебла цреши кои, кога цветаат создаваат нереални сцени. Некои стебла започнуваат да цветат пред пролет, а другите оживуваат токму во ова годишно време.

Контрастот на розовите црешови цветови и зелените листови чај претставува главна атракција на градината Таипин Сакура на североистокот од најбројната земја на светот.

Иако црешовиот цвет – сакура – е препознатлив симбол на јапонската култура, неговата убавина се почитува и во „соседството“. Илјадници луѓе секоја година патуваат во Јонгфу за да прошетаат низ градината и да уживаат во величенствените глетки и неодоливите мириси.

А еве како изгледа тоа:




Спонзорирани линкови

Маркетинг