Поршето на Марадона е ставено на аукција: Од цената ќе би се заврти во главата...

Точка

15/02/2021

18:42

3.380

Големина на фонт

а а а

Љубителите на автомобилите и најважната споредна работа на светот имаат ретка прилика за да се почестат со ваков подарок, но за тоа ќе треба да имаат и „подолг“ џеб.

Porsche 911 Type 964 Carrera 2 Cabrio од 1992-ра година наскоро ќе биде ставен на аукција. Овој автомобил го добил Марадона откако се преселил од Италија во Севиља, а станува збор за лимитирана серија која е произведена во 1200 примероци.


За погон е задолжен 6-цилиндарскиот мотор кој развива 250 коњски сили, а максималната на овој култен автомобил изнесува 257 километри на час. За тоа колку легендарниот аргентински фудбалер уживал во перформансите на овој автомобил говори фактот дека во една ситуација бил фатен како вози низ град со дури 180 километри на час.

Времето кое Марадона го помина во Севиља беше кратко, Аргентинецот ја напушти Шпанија после една година, а автомобилот го продал на купувач од Мајорка. Потоа автомобилот бил во сопственост на неколку колекционери, од кои последниот го поседува од 2016-та година.


Некогашниот автомобил на Марадона сега е повторно ставен на продажба, има поминато 120 илјади долари, а се очекува на аукцијата да достигне вртоглава бројка од најмалку 240 илјади долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг