Магична билка: Го регулира крвниот притисок, го контролира дијабетесот и лечи кожни болести...

Точка

15/02/2021

10:53

3.278

Големина на фонт

а а а

Коријандерот се користи и во разни јадења, а има остра арома. Богат е со диетални влакна заедно со многу други неопходни хранливи состојки.

Коријандерот е растение кое што има единствен вкус и арома. Припаѓа во семејството Apiaceae и често се користи и во сиров облик, како додаток во многу јадења. Тој може да го подобри вкусот на многу од јадењата и да го внесе својот препознатлив вкус.

Што се однесува до нутритивните вредности на ова растение, тоа е богато со протеини, витамин Ц и К. Содржи калциум, калиум, каротен и фосфор, но и железо, магнезиум итн. Покрај нив, растението има и други здравствени благодети.

Лечи кожни болести

Коријандерот има антисептични, антифунгални, антиинфламаторни и антимикробни својства кои што го прават ефикасен во лечењето на кожните инфекции. Исто така богат е со антиоксиданси и има дезинфекциски и детоксикациски својства.


Го регулира крвниот притисок

Високиот крвен притисок може да доведе до разни здравствени проблеми. Коријандерот помага во намалување на крвниот притисок. Ја опушта напнатоста во крвните садови и помага во намалување на ризикот од разни кардиоваскуларни болести, како мозочен и срцев удар.

Го одржува здравјето на коските

Богат е со калциум и други есенцијални минерали, па поради тоа помага во одржување на здравјето на коските и нивната заштита од разни болести поврзани со коските, како остеопороза како и одржување на трајноста и растот на коските.


Го чува здравјето на очите

Коријандерот е богат со антиоксиданси и минерали, заедно со антимикробни својства кои што помагаат во превенција на различни очни болести како конјуктивитис.

Го контролира дијабетесот

Коријандерот го стимулира лачењето на инсулинот и го намалува нивото на шеќер во крвта.