Сте го виделе ли рускиот претседател Путин во улога на „Тиктокер“? Урнебесно!

Точка

04/02/2021

20:09

4.556

Големина на фонт

а а а

Дали ова е вистински профил на „ТикТок“ - тоа е прашањето кое што мачи многумина.

Владимир Путин се враќа дома, ги соблекува кондурите и облекува папучи, прави сендвич со мортадела, си става вода во леген за уморните стапала и во пижами гледа телевизија... Урнебесно!

Профилот @1facerussia има над три милиони следбеници, фотографиите се професионално едитирани, па навистина... Дали ова е профилот на рускиот претседател Путин?

Претседателот на Руската Федерација танцува со подврзана кошула на музика од 80-тите, односно на некогашниот голем хит „Pump Up The Jam“ од групата The Hit Crew. Владимир Путин на крајот вели: „Не е важен трендот, важно е кој го изведува“.

На втората објава Путин игра и објавува фотографија од младоста, што е голем тренд кај младите Тиктокери.

Ова не е прв случај некој претседател да се појавува на глобалната социјална мрежа „ТикТок“ затоа што оваа апликација ја користеле и поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, но и актуелниот Џо Бајден.

По блокирањето на многу од профилите на Фејсбук и Твитер, логично е што луѓето помислија дека Владимир Путин намерно започнал да се појавува на нова социјална мрежа.

Сепак, овој профил е лажен, односно не припаѓа на претседателот на Русија, но се надеваме дека ви ја разубавивме вечерта и ве насмеавме!




Спонзорирани линкови

Маркетинг