Објавен е нов трејлер: Resident Evil Village пристигнува во мај

Точка

22/01/2021

16:53

721

Големина на фонт

а а а

Осмото продолжение на играта Resident Evil доби официјален датум на пристигнување на пазарот.

Capcom официјално соопшти дека видео играта Resident Evil Village пристигнува на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X на 7-ми мај оваа година, а ќе можат да ја играат и сопствениците на PlayStation 4 и Xbox One.

Од компанијата најавија дека демото на играта е веќе достапно и за PlayStationa 5.

Capcop објави и нов трејлер кој нуди досега најдобар увид во играта и гејмплејот. Девелоперите ја претставија и мултиплеер верзијата на играта Re:Verse со бројни ликови од светот на Resident Evil. За секој кој ќе ја купи Village, мултиплеер верзијата ќе биде бесплатна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг