Сè за заразата од која почина Мира Фурлан: Ја пренесуваат комарците, а само 1% од луѓето имаат тешки симптоми

Точка

22/01/2021

12:28

2.920

Големина на фонт

а а а

Актерката Мира Фурлан почина вчера на 65-годишна возраст, по борбата со вирусот Западен Нил.

Официјалните причини за смртта сè уште не се објавени, но хрватските медиуми од личност блиска до актерката успеале да дознаат дека подолго време боледувала од вирусот Западен Нил кој што го пренесуваат комарците.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Последната порака на починатата југословенска актерка ќе ве погоди право во срце: „Не се плашам. Таму наскоро одам...“

Таа зараза се пренесува на луѓето и другите цицачи со убод од заразен комарец, но не се пренесува од човек на човек.

Болеста се појавува во летните и есенските месеци, а кај луѓето во 70 и 80 отсто од случаите поминува без симптоми.


Во околу 20 отсто од случаите болеста се манифестира со симптоми кои што наликуваат на симптомите на грип, како што се најчесто зголемена телесна температура, главоболка, слабост, болка во мускулите и зглобовите.

Само еден процент од заболените може да развие потежок облик на болеста поради зафатеноста на централниот нервен систем, со симптоми на менингитис или енцефалитис, односно воспаление на мозокот.


Под зголемен ризик од заболување се постарите луѓе кои што веќе имаат некаква хронична болест (на пример дијабетес, хипертензија, хронична бубрежна болест) или пак имуносупримираните луѓе.

Овој вирус во Европа е редок, но во последните неколку години се бележи зголемен број на случаи од заразата во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг