Продолжува спасувачката акција после лавината во Русија: Се чисти снегот, пронајдена една жртва

Точка

19/01/2021

12:35

1.605

Големина на фонт

а а а

Спасувачите во Черкезија продолжуваат со операцијата за потрага и спасување во селото Домбај, место во Русија кое во текот на вчерашниот ден беше затрупано од лавина, соопштија од прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации.

„Операцијата за потрага и спасување во Домбај продолжува. Продолжуваат и работите околу чистењето на снегот. Во операцијата се вклучени 233 лица и 28 технички единици“, стои во соопштението.

Претставник на итната служба за „Спутник“ изјавил дека должината на лавината била 600 метри, ширината 100 метри, а длабочината до 5 метри. Според неговите зборови, прелиминарно било утврдено каде се наоѓаат сите луѓе.

„Снежната маса делумно оштетила зграда на кафетерија и уништила две места за изнајмување на скијачка опрема“, додаде тој.

Да потсетиме, рускиот скијачки центар Домбај вчера беше погоден од лавина. Руските власти сметаат дека под снегот би можело да има до 12 лица, а од Министерството за вонредни ситуации соопштија дека е извлечена една жртва.