Каде да го однесете текстилниот отпад во Центар: Објавени 11 локации, следуваат уште девет

Точка

16/11/2026

17:29

130

Големина на фонт

а а а

Општина Центар го објави списокот на училишта и градинки пред кои се поставени контејнерите. Најавени се уште девет локации.

На 11 локации во Општина Центар веќе се поставени специјални контејнери за текстилен отпад, соопшти локалната самоуправа. Најавено е нивно поставување на уште девет места.

Според списокот објавен денеска, граѓаните може да ги најдат пред следните училишта и градинки:

Илустративен пример на контејнер за текстил во Белгија

Илустративна архива: контејнер во Белгија, 2021. Фото: Bert76 / Wikimedia Commons, CC0. Кавер: илустративна архива од 2024, Фото: Digitura / Wikimedia Commons, CC0. Фотографиите не се од Центар.
  • „Коле Неделковски“ — ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8;
  • „Јохан Хајнрих Песталоци“ — ул. „Апостол Гусларот“ бр. 3;
  • градинка „13 Ноември“ — ул. „Никола Тримпаре“ бр. 17а;
  • „Киро Глигоров“ — ул. „Адам Мицкевич“ бр. 14;
  • градинка „Кочо Рацин“ — ул. „Козара“ бр. 26а;
  • училиште „Кочо Рацин“ — ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2;
  • „Гоце Делчев“ — ул. „Градски ѕид“ бр. 3;
  • „Димитар Миладинов“ — ул. „Кочо Рацин“ бр. 17;
  • „Св. Кирил и Методиј“ — ул. „Стив Наумов“ бб;
  • „11 Октомври“ — ул. „Мирче Ацев“ бр. 102;
  • градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ — ул. „Мирче Ацев“ бр. 10.

Општината повикува на правилна селекција и рециклирање. За дополнителните девет локации засега не е наведен точен датум на поставување.