Оваа сцена ги преплаши посетителите на еден парк во САД, еве за што се работи

Точка

16/01/2021

19:58

4.645

Големина на фонт

а а а

Во паркот „Theodore Wirth“ во Минеаполис, минувачите се запрепастиле од статуата на пештерски човек во голем блок од мраз.

Фотографиите од необичната сцена брзо се прошириле на интернет и многумина помислиле дека повторно станува збор за мистерија како монолитите кои го заинтригираа светот кон крајот на минатата година.


Со денови се зборува за замрзнатиот праисториски човек, а потоа се дозна вистината. Приказната за човекот во мраз нема мистерија и е уметничко дело на Зак Шумак, кој вели дека неговото творештво има посебна порака за светот.


Шумак вели дека со својата бизарна креација сакал да ги тргне луѓето од социјалните мрежи и да ги натера да излезат надвор и да доживеат посебно искуство на отворено.


За американските медиуми рекол дка сакал на луѓето да им даде нешто друго за што можат да зборуваат - нешто позитивно. Како што вели, се надевал дека оваа необична атракција на отворено би можела да биде нешто што ќе ги поттикне луѓето да излезат, да одат во паркови, да прошетаат, а не да седат дома. Се разбира, додека ја почитуваат физичката дистанца во време на пандемија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг