Индија почна со вакцинирање на 300 милиони луѓе

Макфакс

16/01/2021

12:37

592

Големина на фонт

а а а

Индија ја почна најголемата кампања за вакцинација во светот во саботата и здравствен работник во државната болница во Делхи беше првиот што ја прими вакцината во земјата со 1,3 милијарди жители.

Владата планира да вакцинира 300 милиони луѓе до јули. Како најнаселена земја во светот по Кина, Индија исто така верува дека можеби нема потреба да ги вакцинира сите свои 1,35 милијарди жители за да создаде имунитет на стадото.

„Индија денес претставува најголема програма за вакцинирање во светот“, рече премиерот Нарендра Моди во телевизиско обраќање до нацијата пред да започне вакцинацијата.

„Ниту една земја во историјата не спровела кампања за вакцинација од толку голем обем“, рече Моди.

Околу 30 милиони здравствени работници и други работници од првата одбранбена линија ќе бидат првите што ќе примат вакцина, а потоа ќе следи вакцинирањето на 270 милиони луѓе постари од 50 години или во високоризични групи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг