Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Макфакс

15/01/2021

14:27

1.264

Големина на фонт

а а а

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти градоначалникот Сашо Јанкоски.

Според него, овој чин не соодејствува со ставот на општината и најголемиот процент на нејзиното население.

„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со гратчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина и сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстар и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми“, вели Јанковски.

Се надеваме дека, додава тој, овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг