Спасовски за случувањата во Вевчани: Од политички причини сакаа инцидент

Точка

15/01/2021

12:30

1.489

Големина на фонт

а а а

По завчерашната интервенција на полицијата да се спречи одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од Ковид-19, се огласи и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа“, изјави денеска Спасовски во интервју за МТВ.

„Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките“, изјави Спасовски.

Во Вевчани и покрај апелите да нема собирања и да се одржува дистанца, завчера стотина василичари од Вевчани, под карневалски маски излегоа на улица, по што интервенираше полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг