Брус Вилис исфрлен од трговски објект, актерот во аптека влегол без заштитна маска

Точка

13/01/2021

18:35

2.031

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Брус Вилис влегол во една продавница без заштитна маска, поради што вработените веднаш му рекле да го напушти трговскиот објект, пренесуваат странските медиуми.

Имено, како што се наведува, присутните во продавницата биле бесни бидејќи актерот не носел заштитна маска, иако околу вратата имал марама која лесно може да ја стави и да ја користи наместо маска за тие потреби, пренесува „Page Six“. Брус Вилис на крајот ја напуштил продавницата, не купувајќи ништо.


Оваа реакција на купувачите е сосема оправдана, бидејќи Лос Анџелес е епицентар на коронавирусот во Калифорнија, и во овој град досега се забележани повеќе од 10.000 смртни случаи поврзани со ковид.


Популарниот актер поголем дел од времето во текот на пандемијата го поминувал со поранешната сопруга Деми Мур и нивната ќерка. Подоцна им се придружиле и сегашната сопруга на Вилс, Ема Хеминг и нивните ќерки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг