Човечност пред сè: Наместо да ги уапси за кражба, овој полицаец направил нешто за кое зборува цел свет

Точка

11/01/2021

10:54

4.919

Големина на фонт

а а а

Еден полицаец од Масачусетс бил на должност кога добил повик од локалниот супермаркет. Вработените во маркетот фатиле две жени како крадат, а тој наместо да ги уапси, одлучил да ги почести и со свои пари им купил подарок картичка.

Полицаецот Мет Лима добил повик од супермаркетот „Stop & Shop“ во кој му кажале дека две жени биле фатени на камера како ставаат намирници во торбите и не ги пријавиле на каса, пишува „CNN“. 

Жените кои со себе понеле и две мали деца биле запрени набргу по излегувањето од продавницата. Полицаецот Лима исто така има две ќерки на слична возраст, па му било непријатно што морал да ги приведе жените.

За децата да не слушнат што се случува, повикал една од жените на страна и прашал што се случило. Жената му објаснила дека таа е вработена, но дека нејзината пријателка, мајка на децата, нема работа и има други семејни проблеми.

„Само сакала да им земе нешто на децата за Божиќната вечера“, раскажал полицаецот Лима.


Кога ги проверил нивните торби, се уверил дека земале само храна. Тој сфатил дека на семејството му е потребна помош и наместо да ги приведе, ги пуштил со предупредување, но им купил и подарок картичка за друг супермаркет за да можат да пазарат.

Оваа реакција на полицаецот Лима предизвика лавина од пофалби на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг