Clio против Golf: Неизвесна трка за најпродаван автомобил во Европа

Точка

29/12/2020

21:01

3.486

Големина на фонт

а а а

Резултатите од продажбата кои опфаќаат 44 европски земји, покажуваат дека Renault Clio моментално води во трката пред Volkswagen Golf.

Според податоците кои ги објави специјализираниот сајт focus2move.com, во текот на 11-те месеци од 2020-та година, на пазарот во Европа од Португалија до Русија вкупно се продадени 314,357 примероци на Renault Clio, со раст на годишно ниво од 2,9%.

На второто место е VW Golf со 283,614 испорачани прирмероци и пад на продажбата од 33,4%. На третото место се најде уште еден автомобил на Volkswagen, а тоа е моделот Polo – од овој модел се продадени 225,941 примероци.


Интересно е и тоа што на 4-то место се наоѓа уште еден модел на гигантот од Волфсбург. Тоа е џипот Tiguan со 209,785 продадени возила.

На петтото место се наоѓа Ford Focus, а топ 10-те најпродавани модели на европскиот пазар ги заокружуваат Peugeot 208, Toyota Corolla, Nissan Qashqai, Renault Captur и FIAT Tipo/Egea .



Спонзорирани линкови

Маркетинг