Си пукаше сред бел ден во Топанско поле, па си се пофали на ТикТок

Точка

28/12/2020

12:07

9.252

Големина на фонт

а а а

Последниве неколку денови сме сведоци на кршење на законот преку видеа на популарната социјална мрежа ТикТок, каде видовме во главно сообраќајни престапи.

Сега, на ред дојде пукање. На социјалната мрежа се појави видео од Топанско поле, на кое се собрани луѓе, меѓу кои и детенце во количка. 

Додека во позадина свири гласна музика, еден од нив вади пиштол и пука во воздух, и покрај тоа што наоколу има згради и некој може да биде повреден.

Па, се поставува прашањето, истите закони ли важат од другата страна на Вардар?



Спонзорирани линкови

Маркетинг