Писмо до "Pfizer" или до Дедо Мраз? Преписката на 6-годишно дете со фармацевтската компанија стана вирална

Точка

28/12/2020

10:44

3.393

Големина на фонт

а а а

Детето, верувале или не, барало Дедо Мраз прв да се вакцинира за да може да тргне на пат околу светот пред Нова година.

Шестгодишниот Кејлум Торнхил и пишал на компанијата "Pfizer" откако слушнал дека тие први со вакцината ќе им помогнат на жителите на Европа во борбата против коронавирусот. 

Меѓутоа, Кејлум не барал, што би можело да се претпостави во приказната, "Pfizer" со вакцината да му го олесни животот нему или на неговото семејство - туку на Дедо Мраз.

Кејлум, верувале или не, барал Дедо Мраз прв да се вакцинира за да може да тргне на пат околу светот пред Нова година.

"Драг "Pfizer". Слушнав дека сте направиле нова вакцина против коронавирус. Одлично. Можете ли, ве молам, да пратите некои вакцини на Северниот пол, за Дедо Мраз и неговите виленици? Ве молам, сакаме да го спасиме Божиќ и да направиме сите деца да бидат среќни", напишал малиот Кејлум.

Писмото навистина дошло до седиштето на компанијата "Pfizer" и детето после неколку недели добило дури и одговор од извршниот директор на "Pfizer", Алберт Бурл.

"Ваквите писма од деца нашиот живот го прават уште поубав. Ни даваат надеж и не потсетуваат на тоа зошто работата која секојдневно ја работиме е толку важна. Сакам да знаеш дека правиме се што можеме за да им помогнеме на сите луѓе на светот. А ќе се погрижиме и за Дедо Мраз и неговите виленици", ветил Бурл.