Кога ќе соберете и одземете, убаво би заштедиле ако не мора да купувате таблети за машината за садови.
Една девојка на својот Инстаграм профил открила како може сами да направиме таблети за миење садови. Сè што ви е потребно се само неколку состојки.
Една шолја сода бикарбона, една четвртина шолја лимонска киселина и една лажица детергент за садови - добро измешајте ги во мали силиконски калапи, како што се оние за мраз.
Оставете да отстои во фрижидер минимум четири часа за смесата да се стегне, а доколку не се брзате, оставете ја да отстои цела ноќ. Оваа смеса е доволна за отприлика 17 таблети, но може да направите и двојно повеќе и да користите два калапи.
Ова ќе ве чини значително помалку од што ги плаќате оние од продавница и ќе видите дека со текот на времето ќе заштедите многу пари.
Погледнете во видеото како се подготвува смесата.