Фото: Две лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на Партизанска кај „Сити мол“

Макфакс

05/12/2020

15:04

10.172

Големина на фонт

а а а

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случи на булеварот Партизански одреди, во близина на „Сити мол“.

„Сообраќајката се случила околу 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје. Се судриле две возила и повредени се две лица кои се префрлени во болница“, велат од МВР. 

Повредените се пренесени во болница, а полицијата врши увид на местото на несреќата.

Фото: А1 On