Може ли поевтино? Претставен паметен часовник со интересни опции, моќна батерија и цена од само 20 долари

Точка

02/12/2020

21:32

3.911

Големина на фонт

а а а

Wyze Watch ги има најголемиот дел од опциите кои ги бараме од напредните паметни часови, а доаѓа со цена на која тешко кој сличен уред може да ѝ конкурира.

Овој паметен часовник ќе биде достапен во две верзии – 44 и 47 милиметри, а ќе се продава по цена од само 20 долари, односно околу илјада денари.

Посебно интересно е да се видат опциите на овој часовник, затоа што покрај неколкуте недостатоци (нема GPS и гласовен асистент) Wyze Watch нуди речиси се што нуди еден паметен часовник на големите брендови кој е повеќекратно поскап.

Овој часовник ги мери отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, бројот на поминати чекори, а ја следи активноста и квалитетот на спиењето. Исто така, отпорен е на вода (до 2 метри длабочина) и има интеграција со Google Fit и Apple Health.

Тоа што посебно се издвојува е моќната батерија која може да издржи до девет часа со едно полнење. Иако не е познато на кој оперативен систем работи, Wyze Watch може да се поврзе со паметен телефон и ги поддржува најпопуларните апликации како Instagram, Twitter, WhatsApp, Gmail и слично.

Wyze Watch со изгледот помалку потсетува на уредите на Apple. Помалиот уред доаѓа со 1,4-инчен екран со резолуција од 320х320 пиксели, додека поголемиот модел има 1,75-инчен екран и резолуција од 320х385 пиксели. И двата уреди имаат 16 GB интерна меморија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг