Хенкок: Британските болници се подготвени, ќе ја примам вакцината во живо

Макфакс

02/12/2020

12:59

726

Големина на фонт

а а а

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека програмата за вакцинација против коронавирус ќе започне следната недела и дека британските болници се подготвени за тоа.

Тој додаде дека до крајот на годината се очекуваат милиони дози вакцина против коронавирус.

Хенкок како гостин во програмата на „Би-би-си“ објави дека вакцината ќе ја прими во живо пред камера.

Тој рече дека вакцината е зора на хоризонтот и дека при вакцинацијата ќе има приоритетни групи, засновани на клиничките потреби.

Хенкок потсети дека минатиот месец изгубил еден член на семејството кој починал од последиците на коронавирус и дека болеста не е наивна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг