"Биткоинот" сè поблиску до вредноста од 20.000 долари

Точка

01/12/2020

15:45

1.956

Големина на фонт

а а а

Биткоинот овие денови е многу блиску до тоа да достигне вредност од 20.000 долари (19.700 долари во моментов). Криптовалутата моментално има најголема вредност уште од 2017-та година, по што забележала голем пад.

Доколку "Биткоинот" достигне вредност од 20.000 долари, некои сопственици на оваа криптовалута би можеле да се одлучат за неа како посигурна опција, што би можело да доведе до помал пад на вредноста. Биткоин во главно закрепнува од ова и кога корисниците ќе се навикнат на ситуацијата дека вредноста на валутата е над 20.000 долари, Биткоин би можел да достигне нови рекорди какви што претходно му предвидувале аналитичарите на пазарот. 

Оваа година во целост била добра за Биткоин и неговата мејнстрим прифатеност. "PayPal" во октомври објавил дека на корисниците ќе им овозможи да купуваат и продаваат криптовалути меѓу кои се "Биткоин", "Етериум", "Биткоин Кеш" и "Литкоин".

Секако, оние кои се одлучуваат за купување на "Биткоин" или други криптовалути би требало внимаваат. Биткоинот е многу променлива валута и бележи високи флуктации во вредноста во текот на годината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг