Направете витаминска „инјекција“ за зајакнување на имунитетот: Потребни ви се овие 5 состојки

Точка

30/11/2020

20:01

6.473

Големина на фонт

а а а

Отпорноста на вируси е секогаш потребна, но сега, кога целиот свет е зафатен од пандемијата на коронавирусот, зајакнувањето на имунолошкиот систем е особено актуелно.

Заштитата треба да биде и надворешна и внатрешна. Како прво, лекарите препорачуваат што почесто миење на рацете со вода и сапун, користење на антисептици, што пократок престој во затворени простории со поголем број луѓе и останување дома. 

Витаминските „инјекции” кои можат да се припремат дома за само неколку минути, можат да му помогнат во заштита на телото одвнатре. Потребни ви се само 5 состојки кои можете лесно да ги пронајдете во локалниот супермаркет.

Тоа се ѓумбир, лимон, портокал, куркума и црн бибер.

Зошто токму овие 5 намирници?

Ѓумбир – има моќни антиоксидативни и антивоспалителни својства, што го прави неопходен дел од секојдневието во борба против вирусите.


Куркума – овој зачин на вашиот напиток ќе му даде не само пријатна златна боја, туку и многу корисни својства. Го јакне имунолошкиот систем, ги намалува воспаленијата и ги елиминира токсините од телото.

Портокал и лимон – ги елиминираат штетните материи од телото и можат да се пофалат со висок процент на витамин Ц кој е добар за зајакнување на имунитетот.

Црн бибер – служи како вид катализатор и го умножува ефектот на останатите компоненти.

Потребни состојки:

- 1 голем портокал

- 2 помали лимони

- ½ шолја сечкан корен од ѓумбир

- 2 лажички куркума

- малку свежо мелен црн бибер


Начин на припрема:

1. Темелно измијте ги портокалот и лимонот, исечете ги на големи парчиња без да ја отстраните кората (во неа се содржат до 70% од хранливите состојки, многу повеќе отколку во пулпата).

2. Ставете ги во соковник заедно со ѓумбирот, куркумата и црниот бибер (ако немате соковник, ќе ви послужи и блендер, само не заборавајте да ја процедите течноста на крајот).

3. Поделете го напитокот на 2 дела и испијте го во текот на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг